Ова го изјави педијатарот, докторанд Ирина Добрецова.
Како што истакнува таа, правилната физичка активност на учениците го подига имунитетот, меѓутоа, децата денес практично постојано седат. Прво пет-шест часа на училиште, а потоа дома, пишувајќи ги домашните задачи.
„Нашите училници не се амфитеатри, тоа се правоаголници. Детето седи, се вкочанува на едната страна и така натаму во текот на целиот квартал од учебната година. А потоа си доаѓа дома, каде што повторно нема секогаш правилна маса. На часовите треба да има повеќе вежби за истегнување, а училниците, се разбира, клупите треба да имаат различен распоред. Среќа имаат само оние што седат во средниот ред“, вели докторката.
Таа се залага за примена на искуствата од некои странски и руски приватни училишта, каде што од десет до петнаесет минути во текот на училишниот час децата седат на подот на тепих и ги слушаат новите лекции. Стануваат кога треба да одговараат. Децата исто така имаат можност и да се движат во училницата. Кога е потребно, поради пишување, тие седат во клупи.
Како што истакнува таа, руските училишта треба да посветат поголемо внимание на часовите по физичка култура. Покрај тоа, кислородот мора да се вдишува не преку прозорец, туку на улица. Кај детето кое активно се движи когнитивните способности се поизразени, ги извршува сите задачи побрзо и побрзо памети.
„Идеално, децата би требало секојдневно да имаат час по физичко воспитување. За силен имунитет се потребни базени во училиштата, бесплатни секции или барем цените да не се бидат како во приватните клубови. Детето треба да три до четири пати неделно да се занимава со тимски спортови, боречки спортови и секој ден да шета на улица“, вели Добрецова.
Треба да се каже дека претседателот на Русија Владимир Путин летово ја поддржа програмата за реновирање на училиштата што ја презентираше копретседателката на Општонародниот фронт и раководител на образовниот центар „Сириус“ Елена Шмељова. Покрај реновирањето на зградите и ентериерот, програмата вклучува и инсталирање на најсовремена опрема во училиштата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче