9 податоци за рускиот победник на Ју-Ес Оупен Даниил Медведев

Getty Images
Патот до врвен руски тенисер од математичката школа до победата над Надал и над Ѓоковиќ.

Рускиот тенисер Даниил Медведев на 12 септември 2021 година го совлада Нова Ѓоковиќ во финалето на Ју-Ес Оупен и на тој начин ја освои својата прва гренд-слем титула.

Медведев, кој помина долг и тежок пат, конечно стаса до својот прв голем трофеј и ѝ се приклучи на тениската елита. Ова се 9 основни податоци за Даниил.

1) Започнал да игра тенис на 9 години што е необично доцна за професионален тенисер.

Медведев се пробал во бројни активности пред да се запише на тенис. Најпрво неговите родители сакале да се занимава со пливање, но тоа не му одело. Потоа продолжил во шаховска школа и во сликање, сè дури не ја открил својата љубов кон тенисот.

2) Пред да стане тениска ѕвезда, бил ученик во математичка школа и студент на Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО)

Како момче дури во 7 одделение се запишал во математичка школа и бил еден од ретките тенисери кои редовно го посетуваат училиштето сè до својата 14 година (професионалните спортисти обично се школуваат според посебна програма со помалку часови настава и со повеќе тренинзи).

Успеал дури и да се запише на елитниот универзитет МГИМО во Москва, но по неколку години студирање одлучил во целост да се посвети на тениската кариера.

3) На 18 години се преселил во Франција.

Кога наполнил 18 години се преселил во Франција и се запишал во тенискиот центар во Каин. Тука го запознал својот ментор Жила Сервала кој му помогна да стане еден од најдобрите тенисери на денешнината.

4) Потребна му беше една година за да влезе меѓу најдобрите 100 тенисери на светот.

Голем напредок во кариерата Медведев постигна во 2016 година. Таа година напредуваше за 232 позиции на ранг-листата и можеше да почне да учествува на гренд-слем турнири.

5) На 20 години стаса до финалето на АТП-турнирот.

Медведев стана познат во светот кога во јануари 2017 година стаса до финалето на АТП-турнирот. Тогаш имаше само 20 години.

6) По АТП-турнирот боледуваше од мононуклеоза.

Веднаш по натпреварот Медведев помина неколку недели во болница, лекувајќи се од мононуклеоза, болест која е позната како жлездана треска или болест на бакнежот.

Болеста исто така го спречи да победи во финалето.

7) Заработува околу 12 милиони американски долари годишно.

Медведев го има освоено еден од најголемите гренд-слем турнири и ја зајакна својата позиција на листата на Форбс на најуспешни Руси помлади од 40 години.

Благодарение на неодамнешниот успех, Даниил Медведев го продолжи договорот со компанијата Бе-Ем-Ве до 2024 година и повторно потпиша договор со брендот „Лакост“ до 2026 година. Тенисерот исто така го спонзорира швајцарскиот производител на часовници „Бовет“, како и францускиот производител на тениски рекети „Текнифајбер“ и банката Тињкоф од Русија.

Според Форбс, сиве овие договори за спонзорство, како и победите на тениските турнири му обезбедуваат на Медведев 11.8 милиони американски долари годишно.

8) Сака брзи коли.

Медведев ја сака брзината и спортските автомобили. Во август 2020 година дури и ја изгуби возачката дозвола откако на улиците на Монако возеше со брзина од 163 километри на час.

9) Оженет е

Жал ни е, дами, Даниил е оженет веќе три години. Ја побара за жена својата девојка Дарја (која е исто така тенисерка) во 2017 година, а двојката се венчаше на 12 септември 2018 година во Москва.

Медведев прави сè за својот професионален живот да го одвои од приватниот. Не ги тагира своите блиски на фотографиите на Инстаграм и се обидува генерално да ги заштити од социјалните мрежи. Дури и моминското презиме на неговата сопруга и понатаму останува непознато.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња