„Недостигаат вертикални ознаки“: Интернет-корисниците го исмеваат „преминот кон никаде“ во Москва

Во Москва е пронајден „премин во друга димензија“ кој се наоѓа зад пешачки премин кој пак наидува на ѕид.

Фотографијата е објавена на фејсбук-групата „Синие ведерки“. Во коментарите интернет-корисниците ги изнесуваат своите предлози како треба да се користи ваква зебра.

„Можеби треба да се залетате во ѕидот како Хари Потер?“, „Треба да се проба од залет на тротинет“, „Тоа е предвидено за професионален паркураш“, „Можеби заборавиле да стават скали? Ако им притреба трамвај, народот некако ќе се испентери“, „Недостигаат вертикални ознаки“, пишуваат Русите.

Исто така се наведени верзии за портал за одбрани, премин во друга димензија или место за качувачи. Еден од коментаторите се сеќава како неговиот автомобил го однел „пајак“ поради погрешно паркирање на пет метри од таква зебра. Тој претпоставува дека пешачкиот премин е поставен тука за пишување казни.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња