Тело на грбав кит беше пронајдено на брегот на Беринговиот остров на Камчатка, соопшти во средата, 8 септември, прес-службата на Командорскиот резерват.
„Грбавиот кит долг 13 метри морето го исфрли на Беринговиот остров. Службениците на резерватот во текот на патролирањето на територијата на резерватот го пронајдоа мртвото тело на овој џин на брегот“, се наведува во соопштението.
На местото на настанот излегоа стручњаци да земат примероци за понатамошно истражување и утврдување на причината за смртта на грбавиот кит.
Грбавиот кит спаѓа во заштитените животински видови. На светот има околу 60 илјади единки од овој вид.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче