Лавров, кој досега посети 150 земји, кажа која му е омилена

mid.ru
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров посетил околу 150 земји, но најпријатно му е кога ќе се врати во Русија.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека досега посетил околу 150 земји, но најмило му е да се враќа во Русија.

За време на посетата на Пансионот на воспитаничките на Министерството за одбрана (специјално училиште во кое учат ќерки на воени лица) го прашаа Лавров во која земја со задоволство се враќа. „Се разбира, во нашата сопствена, Руската Федерација. Каде и да сум, без разлика какви убавини да видам, дома е секогаш најдобро“, одговори рускиот дипломат.

Според него, желбата да се биде поблиску до татковината не е специфичност на Русите. „Секој, генерално земено, сака да биде поблиску до родното огниште, барем така е за повеќето луѓе. Иако постојат земји во кои луѓето традиционално заминуваат на работа во странство и остануваат таму, меѓу другото, во Европската унија често се практикуваат такви преселби“, истакна тој.

Лавров, исто така, призна дека никогаш не бил во Канада.

Претходно шефот на руската дипломатија одговори на прашањето како да се бориме против негативните емоции. Според него, во тоа му помагаат одредени реченици. „Емоциите се поврзани преку одредени изрази кои е пожелно да се кажат во себе или, во краен случај, со шепот. Тоа помага“, рече тој.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња