Русија и Украина беа дел од една земја - СССР, од нејзиниот почеток па сé до 1991 година. Неизбежно, Украинците и Русите слободно се селеа по целата територија на заедничката земја, се мешаа и се населуваа на двете страни на денешната граница.
Според последниот попис на населението во Украина од 2001 година, во оваа земја живеат 8,3 милиони припадници на рускиот народ. Како втора по големина етничка група во Украина, Русите сочинуваат 17,28% од населението во земјата, додека Украинците се 37,5 милиони.
За генерација припадници на рускиот народ родена во пресвртницата во советската историја, од доцните 1980-ти до раните 1990-ти, растењето во Казахстан беше речиси како да растењето во Русија, бидејќи беа опкружени со Руси.
Дури и денес, 30 години откако Казахстан стана независна држава по распадот на СССР, Русите сé уште сочинуваат голем дел од населението. Во 2009 година, на пример, припадниците на рускиот народ сочинуваа една четвртина од населението на Казахстан. Процентот на Руси се намали со текот на годините (новите бројки ќе бидат достапни по пописот во 2021 година), но сепак тоа и понатаму е втората по големина етничка група во земјата со околу 3,8 припадници.
Можеби звучи необично, но САД се меѓу трите земји со најголем број припадници на рускиот народ надвор од Русија. Во текот на историјата, имало четири бранови на руска емиграција во Америка.
Првите Руси почнуваат да пристигнуваат во Америка во 18 и 19 век, придонесувајќи за развојот на земјата, вклучувајќи го и основањето на познатиот Форт Рос во Калифорнија. Вториот бран на емиграција го сочинуваат главно руски Евреи кои ја напуштаат Руската империја во потрага по подобар живот и белогардејци кои бегаат од болшевичкиот режим на почетокот на 20 век. Советските дисиденти, кои го напуштаат СССР доброволно или против нивната волја, го сочинуваат третиот бран емиграција. Последниот, четврти бран руски емигранти пристигнува во САД по падот на Железната завеса во 1991 година, кога многу луѓе, незадоволни од животот под советско знаме и несигурни во иднината на независна Русија, се преселуваат во САД.
Денес, во САД живеат околу 3,1 милиони припадници на рускиот народ, иако се работи за груба проценка, бидејќи терминот Русин во САД слободно се користи за емигранти од многуте поранешни постсоветски и источноевропски земји. Иако станува збор за голем број, Русите сочинуваат само околу 1% од американското население.
Историјата на Русија и Германија е со векови тесно испреплетена, што придонесе за преселби на луѓето од една земја во друга. За време на Руската империја, германска принцеза дури владееше со Русија и стана најпознатата жена на нејзино чело.
Тешко е да се процени бројот на етнички Руси во Германија, со оглед на тоа дека голем број Германци кои живееле во Руската империја и оние што биле преселени за време на Втората светска војна, масовно се вратија во Германија по падот на Берлинскиот ѕид, обединувањето на Германија и распадот на Советскиот Сојуз кон крајот на 1980-тите и почетокот на 1990-тите. Сепак, се проценува дека околу 2,2 милиони припадници на рускиот народ живеат во Германија. Тие ја сочинуваат една од најголемите руски дијаспори во светот.
Пред распадот на Советскиот Сојуз, во Узбекистан, кој беше дел од СССР, постојано живееја околу 1,5 милиони Руси. Сепак, откако Советскиот Сојуз се распадна на голем број независни држави, многу етнички Руси ја напуштија земјата и се вратија во Русија. Узбекистанските власти денес проценуваат дека бројот на припадници на рускиот народ во земјата е преполовен, од 1,6 милиони на 730 илјади луѓе.
Овие шест земји заедно се дом на околу 2,7 милиони Руси. На некои места тие сочинуваат незначителен дел од населението, додека на други, особено во Летонија и Естонија, припадниците на рускиот народ сочинуваат значителен дел од населението: 24,5% и 24,3%.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче