Путин: „Руската Федерација можеше да има половина милијарда население“

Владимир Путин разговара со ученици и студенти на средба посветена на Денот на знаењето во детскиот центар „Океан“ во Владивосток.

Владимир Путин разговара со ученици и студенти на средба посветена на Денот на знаењето во детскиот центар „Океан“ во Владивосток.

Евгениј Паулин/Kremlin via REUTERS
Претседателот на Русија рече дека населението на Русија денес можело да брои 500 милиони луѓе, но околностите го оневозможиле тоа.

Според мислењето на експертите, денес населението на Русија ќе можеше да брои 500 милиони луѓе. Меѓутоа, тоа не се случи бидејќи во 20 век двапати дојде до распад на земјата, еднаш во 1917 година и вториот пат во 1991 година. Ова го рече претседателот на РФ Владимир Путин на средба со ученици во Владивосток.

„Во текот на минатиот век, руската државност пропадна во два наврати... Тоа треба внимателно да се анализира и да се види што послужи како активирач во тие настани. Да не се случеа, ќе имавме поинаква земја. Некои експерти сметаат дека сега би имале близу 500 милиони жители“, рече рускиот претседател.

За време на состанокот Путин, исто така, рече и дека мисијата на САД во Авганистан, која траеше 20 години, остави зад себе само трагедии.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња