Путин раскажа што сакал да биде како дете кога ќе порасне

Global Look Press
Претседателот Путин вели дека во детството мечтаел за професијата пилот, морнар и разузнувач.

Рускиот претседател Владимир Путин раскажа како во детството мечтаел да стане морнар или пилот, па дури и разузнувач, што се и оствари, но најважно е тоа што сакал да ѝ служи на татковината и во таа смисла соништата му се исполниле.

Еден од учесниците на состанокот на претседателот на Русија со учениците од училиштето на Серускиот детски центар „Океан“ во Владивосток го праша Путин што сакал да биде како дете кога ќе порасне и дали му се исполниле соништата.

„Како и многу момчиња, јас сакав да бидам ту морнар, ту пилот, а потоа сакав да бидам и разузнувач, и тој план го реализирав, така што сé ми се совпадна во животот. Понекогаш дури и се чудам како се оствари сето тоа. Инаку тоа е прилично сложена работа, не може човек туку-така да се каже: сакам да бидам разузнувач и токму тебе да те примат во разузнавачката служба. Тоа не бидува така, но во мојот случај, токму тоа се случи“, рече рускиот претседател.

Тој, исто така, нагласи дека тоа и не е она најважното. Најважно е дека и училиштето и семејството сакаат да го посветат својот живот на служењето на татковината.

„И јас денес токму со тоа се занимавам. И сметам дека во таа смисла, успеав да го постигнам она за што сонував“, додаде Путин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња