Шојгу раскажа како умрел дедо му 1942 година

Global Look Press
Дедото на министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу, кој некогаш служел во царската војска, умрел 1942 година додека во градот влегувале Германците. Во тоа време тој чувал од крадци фабрика за шеќер.

За смртта на својот дедо рускиот министер за одбрана зборуваше во емисијата на јутјуб-каналот „Соловьев.Live“, пренесува РИА „Новости“.

„Тој тргна со стап да ги брка крадците. Таму се наоѓаше фабриката за шеќер. Викаше: „Тоа не е ваше, што правите?“ Луѓето тогаш го грабаа шеќерот. Нашите си отидоа, а Германците уште не дојдоа, и таму го удри инфаркт“, изјави Шојгу.

Министерот додаде дека неговата мајка е родум од Орловската област, но по укинувањето на кметството морала да премине во Луганската област, каде што ѝ живееле роднините.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња