Вулканот Ебеко, што се наоѓа во близина на градот Северо-Курилск, во средата, 25 август, исфрли столб од пепел висок 3,7 километри. Природната појава се најде на видео и беше објавено на телеграм-каналот „Падјом“ (Подъем), пренесува „Лента“.
На објавените кадри се гледа „разбудениот“ руски вулкан: огромен столб од пепел се крева во воздух. Како што пишува каналот, настрадани нема. Локалните жители раскажуваат дека прозорците во домовите се затресле.
Пепелта од курилскиот вулкан се растегна 10 километри во југоисточен правец, објавено е портокалово ниво на опасност за авијацијата. Во моментов веројатноста за вулканска ерупција е голема.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче