Сликата е симболична
Виктор Лисицин/Global Look PressСторител е 34-годишниот таксист Дмитриј Грашо, кој доцна во ноќта крена во воздух банкомати во филијалата на една голема банка во Подолск. Русинот стави експлозив под еден банкомат, по што исчезна од просторијата. По некое време, се слушна експлозија, но без резултат, така што човекот не успеа да извади ниту една банкнота.
Видеото е објавено на каналот Telegram Life Shot.
Сторителот е приведен. Против него е покрената кривична постапка за „подготовка за кривично дело“, „кражба“ и „уништување имот со предумисла“.
Инаку, полицијата неодамна уапси маж на аеродром кој се обиде да ја напушти Русија откако украл пари од банка. Ни помалку ни повеќе туку 12 милиони рубли или околу 140 илјади евра. Станува збор за благајник во банка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче