Шојгу прогнозира пропаст на човештвото поради нерационална потрошувачка на ресурсите

MOD Russia/via Globallookpress.com
Министерот за одбрана на Русија изјави дека неразумната потрошувачка на водата го води човечкиот род во правец на сопствениот крах.

„Човештвото оди со чекори од седум милји кон пропаст поради нерационалната потрошувачка на стоките и ресурсите“. Ова го прогнозира министерот за одбрана на Русија и претседател на Руското географско друштво Сергеј Шојгу, пренесува списанието „Околу светот“.

„Сонувам за тоа еден ден сите да сфатат дека е време да се прекине безумната трка во потрошувачка“, нагласи Шојгу.

Како пример министерот го наведе својот дедо, кој бил ловец. Како што рече Шојгу, тој ловел само онолку месо колку што можел да изеде.

„Тие правила не ги создаде бирократијата туку начинот на живот“, заклучи министерот.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња