Софија Великаја – екипно злато и индивидуално сребро во мечување – капетан на вооружените сили. Виталина Бацарашкина – две злата, едно сребро во стрелаштво – поручник на руската национална гарда. Евгениј Рилов – две индивидуални злата, едно екипно сребро – постар водник во полиција.
Вакви „спортисти со еполети“ на победничкиот пиедестал во Токио меѓу руските олимписки шампиони беа речиси половина. Но, од каде толку многу офицери, заставници и водници? Зарем Русија подготвува шампиони во чети и во посебни баталјони?
Па, не е баш така. Војниците навистина стоеја на почетоците на советскиот спорт, зашто во Црвената армија се одржуваа натпревари на кои се утврдуваше кој е најдобар. Во време на СССР токму припадниците на Црвената армија ја сочинуваа елитата на советскиот спорт. Кон средината на триесеттите години од минатиот век се појавија армиски воени клубови и друштва, како и практиката во нив да се повикуваат најдобрите спортисти во земјата. На пример, познати се случаи кога фудбалската и хокеарската екипа на Советскиот Сојуз беа практично во целост составени од офицери.
Многумина од овие спортски структури кои се основани при државните ресори постојат до денешен ден и во нивниот состав и денес тренираат најдобрите спортисти во целата земја, поради што во нив функционираат најдобрите школи и тренери. Најпопуларни се ЦСК (Централен спортски клуб на армијата) и Динамо (спортско друштво на Министерството за внатрешни работи, во чиј состав претходно влегуваа и воените единици на МВР од кои подоцна беше формирана руската национална гарда).
Никој, секако, не ги тера спортистите да минуваат воена служба во касарните. Чиновите на спортистите во овие клубови и друштва им се доделуваат врз основа на спортските резултати.
„Напредувањето во службата зависи од спортските резултати. Звањето на спортистите на постојаниот тим е капетан и затоа секој спортист има можност да го достигне овој воен чин или дури и малку да го надмине во случај на посебни заслуги“, изјави во емисијата „меѓу другото“ началникот на ЦСКА полковникот Артјом Громов.
Односно, спортистите при клубовите и друштвата добиваат чинови по постигнатите успеси на меѓународните натпревари, што е практика која потекнува од СССР. Денес во ваквите армиски клубови постојат две категории спортисти: војници и цивили кои потпишуваат договор.
„Ние имаме експертски совет кој дава препорака кои од водечките руски спортисти има смисла да бидат повикани на воена служба, а со кои треба да се склучи договор“, објаснува прес-центарот на ЦСКА. На спортистите ова им носи солидна финансиска поддршка, тие исто така примаат плата од армискиот клуб заедно со доплати за воен чин, со тоа што по спортската кариера можат да продолжат со воена кариера.
Не, во целиот свет многу спортски ѕвезди исто така се припадници на армијата, а тоа исто така им овозможува да учествуваат во игри од Меѓународниот сојуз на воениот спорт (IMSC), кој е највлијателна организација на светот по Меѓународниот олимписки комитет.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче