Како се облекуваат московјаните? (ФОТОГРАФИИ)

@Watchingmoscow
Фотографот Гриша Беско собира примери на московскиот уличен стил Москва - и раскажува како се разликува од западниот.

Во јуни 2021 година Москва го доби профилот Watchingmoscow – со фотографии на луѓе направени на улиците во градот. Многу европски метрополи имаат слични профили. Сега и руската е меѓу нив. Секој ден на страницата се појавуваат фотографии со реални прикази на обичните луѓе.

На проектот работи белорускиот фотограф Гриша Беско, кој неодамна се пресели во Русија. Како што изјави за Russia Beyond, идејата за профилот се појавила уште пред неколку години, кога живеел во Њујорк: „До тој момент јас веќе се занимавав со фотографија и штотуку го открив за себе тој вид активност како peoplewatching – набљудување луѓе. Постои сличен термин - birdwatching набљудување птици, кога луѓето шетаат в шума и набљудуваат птици со двоглед. Во Њујорк има огромен број светли и чудни луѓе“.

Кога си заминвуа од САД, тој се враќа во Белорусија, а се преселува во Москва пред два месеци. Патем, во тоа време тој не знае за сличниот проект @watchingnewyork, на профилот со њујоршкиот уличен стил наидува дури кога е во Москва. „Се сетив на таа идеја и решив дека е време. Бидејќи тука имаме многу луѓе со вкус, со стил и интересни. Може да се каже дека има со што да се работи“, тврди Беско.

„Кај московјаните сé изгледа на прво место уредно. Масата луѓе се облекува без светли аксесоари, основна класика. Но, во исто време, сé е комплетно и промислено“, објаснува тој.

Московјаните генерално не сакаат толку експерименти како њујорчаните. „Во Москва, дури и ако се облекувате неформално, сепак ќе останете во некакви граници на она што е пристојно за таа неформалност. Во Њујорк, во стилот доминира сексот, сé е многу отворено и експериментално. Во Москва девојките повеќе се женствени, не го демонстрираат тој секс“.

Тоа не е единствената разлика со московјаните. „Би можел да разликувам жител на Москва во толпата. За неколку месеци што ги поминав на улица, ми беа доволни прстите на рацете за да ја избројам облеката со руско лого или натписот „Москва“ на капчето“.

„Затоа секој четврти московјанец е во облека со американски кратенки -како капчиња NY или LA, маички со знамето на САД или од американски универзитети. Искрено, изгледа чудно. Американците исто така беа изненадени од ова на некој форум: „Зошто на луѓето толку им се допаѓа тоа?“.

Московјаните ги сакаат брендовите, смета Гриша Бешко. И силните имиња на брендовите на маичките и до ден-денес не се реткост. „Во Москва доминира статусот. Тоа е маичка „Долче“, значи, скапа е. Значи, можам да си ја дозволам. Со љубовта кон „американските“ капчиња, меѓу другото, истиот тој фактор е во игра. Во САД капче NY носат само жителите на Њујорк, во Бостон - со буквата В. За нив тоа е, пред сé, бренд на бејзбол клуб и лична приврзаност кон градот. За нас, тоа е кул бренд и ќе ја носиш, независно од тоа што дури и не зборуваш англиски и никогаш не си бил во САД“.

Беско ги советува оние што сакаат да го набљудуваат московскиот уличен стил во реоните што се подалеку од популарните туристички места. „Еве ги улиците во реонот на Патриките (Патријаршиски езера - популарна населба во центарот на Москва). Тие се тесни, таму е згодно да се ловат кремчиња. Убаво е и во семожните арт-кластери: Артплеј, Винзавод. Насекаде, каде што има помалку туристи, а повеќе локалци.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња