Распадот на општеството денес е најопасната закана за земјата, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу на Серускиот младински образовен форум „Територија на смислата“.
Според него, дури и надворешните воени инсинуации претставуваат помал проблем. Војската одлично знае со што е наоружан непријателот и како да му се спротивстави.
Но, постои нешто пострашно, нешто што во последно време, или попрецизно, деценијата ,станува или веќе станало главна опасност за секоја земја, рече Шојгу, мислејќи на постепеното разорување на општеството.
Како што истакна тој, последниве години е пораснато нивото на доверба на руските граѓани во војската. И додека пред 12 години изнесувало 27-29 проценти, сега достигна 79-86 проценти. Министерот рече дека меѓу сите државни институции Вооружените сили уживаат најголема доверба кај населението.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче