Лилјак прелета растојание од Англија до Русија и се најде во шепите на мачка

GFDL & CC ShareAlike 2.0

Кафеав лилјак измина 2018 километри од Лондон до Псковската област, пренесува Би-Би-Си.  

Малото животно го пронајде локална жителка. Беше повредено за време на борба со мачка, па жената одлучи да го предаде на спасувачите. За време на прегледот, лекарите пронајдоа прстен со натпис „Лондонска зоолошка градина“. Ознаката е поставена од регистраторот на лилјаци Брајан Бригс во 2016 година. Животното поминало 7 години во дивина, но не успеа да ја преживее битката со мачката, пишува „Говорит Москва“.

Ова е една од најдолгите регистрирани миграции на лилјаци во светот: во 2019 година еден примерок прелета 2224 километри од Летонија до Шпанија. 

Лилјакот е од видот Натусиев лилјак: тежи само 8 грама и е со големина на човечки палец.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња