Излезе дека тој го совладал возењето скејтборд уште во 1981 година и дека оттогаш ни најмалку не ја изгубли вештината.
Корисникот на интернетот ТimukhinМax, кој ја објави снимката, а и самиот е тренер за возење скејтборд, воодушевен е од вештините на „постариот колега“, кој на штицата не е ништо полош од него, и покрај големата разлика во годините.
Како што напиша ТimukhinМax, пензионерот по име Игор, кого случајно го запознал во Санкт Петербургу, научил да вози скејтборд уште 1981-та. Оттогаш со леснотија крстосува по родниот град и тоа со прилична брзина.
„Колку е сјаен овој Игор! Необичен став! Техника како кај скијач од старата школа! Респект за ваквите татковци на нацијата!))“, изненадено коментираа други.
На крајот на снимката авторот со почит додава дека на современите љубители на скејтбордот ќе им бидат потребни години тренирање за да го достигнат нивото на 73-годишниот мајстор.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче