RT го објави конкурсот за најдобра воена репортажа за 2021 година

RT
Наградата ја основа рускиот тв-канал RT во 2017 година, во чест на новинар-фриленсер убиен во Сирија при извршување на должноста. Еве сé што треба да знаете за нив, вклучително и како може да учестввувате.

Руската државна телевизија RT објави повик за прием на пријави за меѓународната награда за најдобар новинар „Халед ал-Хатиб“.

Што претставува наградата?

Наградата од телевизијата беше доделена за прв пат во 2018 година во чест на арапскиот новинар Халед ал-Хатиб, кој почина од непријателски оган во 2017 година, додека известуваше од линијата на фронтот во Сирија.

Наградата се доделува за најдобар новинар во зона на конфликт. Може да учествуваат воени дописници од целиот свет, без оглед на националноста или професионалната припадност.

„Меѓународните награди „Халед ал-Хатиб“ за најдобро новинарство во зона на конфликт се во чест на храбрата работа на сите вработени во медиумите и организациите кои даваат сé од себе за да ги расветлат спецификите и последиците од долготрајните војни и вооружените конфликти“, пишува на официјалната веб-страница на наградите.

Традиционално, наградите се доделуваат во две категории: „Најдобро видеоновинарство во зона на конфликт“ и „Најдобро пишано новинарство во зона на конфликт“. Двете категории остануваат, но оваа година беше воведена уште една: „Најдобро хуманитарно новинарство: По војната“. Под слоганот „Инспиративни и охрабрувачки приказни“, видеата и статиите во оваа категорија треба да раскажуваат за луѓе, погодени од воен конфликт или повоена реконструкција на општествата, веднаш по конфликт или при решавање на подолгорочни проблеми.

Наградата „Халед ел-Хатиб“ е една од најсеопфатните во оваа област, бидејќи пријави се примаат на кој било јазик и од сите земји. Може да се кандидираат фриленсери, алтернативни медиуми и независни новинарски платформи, како и воени дописници кои официјално работат со издавач или глобален медиум.

Кликнете тука за подетален опис на правилата.

Кој беше Халед ал-Хатиб

Човекот што стои зад оваа награда е хонорарен дописник, кој загина известувајќи за војната во Сирија за RT Arabic. На 30 јули 2017 година ал-Хатиб извршувајќи ја својата професионална должност со својот снимател Мутаз Јакуб, снимајќи престрелка меѓу сириската армија и, како што подоцна стана јасно, одред на терористичката група „Исламска држава“.

„Дојдовме во источната провинција Хомс (...) со војската. Тоа беше местото на директен судир со ИСИЛ. Кога пристигнавме, армијата доби наредба да ги неутрализира терористите пред нас“, вели Јакуб.

На видеото, снимено од друга екипа која исто така беше присутна на местото кога непријателски проектил ја погоди групата новинари и војската, го покажува почетокот на трагичните настани. Првично, тенк на сириските владини сили се доближува до новинарите и истрелува проектил кон непријателот. Тенкот потоа испукува уште еден проектил, кревајќи облак прашина што ги покрива новинарите со нечистотија.

„Тенкот гаѓаше и се повлече. Имаше многу чад. Се повлеков назад и ја исклучив камерата“, вели Јакуб, кој се наоѓа во близина на местото во моментот кога непријателот возвраќа со истрел кој ги погодува новинарите кои се наоѓаат во близина на тенкот на сириската армија.

„Не бев сигурен што се случува и дали бев ранет. Забележав крв на камерата“, вели тој.

Проектилот погодува куп големи камења. Фрагменти од него, заедно со парчиња камен, летаат на сите страни. Кога пепелта спаѓа, се гледа дека има многу ранети. Сепак, раните на Халед ал-Хатиб се фатални и тој починува на лице место.

Наградите на RT беа воспоставени следната година во спомен на новинарот и опасната работа што ја вршат воените дописници во различни воени зони низ целиот свет.

Наградата е и парична – 200 000 рубли, или околу 2200 евра.

Истата им беше доделена на новинари од целиот свет, вклучително и од Русија, Ирска, Индија, Сингапур и Ирак, и за покривање на приказни како што се војната во Сирија, животот во авганистански бегалски камп во Иран и антитерористичките акции на Филипините.

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња