Путин со објаснување за пожарите и поплавите во Русија

Александар Земљаниченко/Pool via REUTERS
Природните пожари и поплави во Русија, како и во целиот свет, се поврзани со климатските промени, изјави претседателот на РФ Владимир Путин. Според него, брзината на промена на просечната годишна температура во Русија во последните 44 години се зголемила за 2,8 пати.

Путин истакна дека климатските промени се случуваат не само во Русија, туку и во целиот свет. Шефот на руската држава посвети посебно внимание на проучување и следење на состојбата на вечниот мраз.

„Кај нас 65% од територијата се наоѓа на Крајниот Север. Многу населби се изградени на вечен мраз. Сé уште немаме систем за негов мониторинг“, истакна Путин на состанокот со членовите на владата, пренесува телеканалот „3600“.

Годинашново лето ги собори рекордите по степенот на топлина. Во многу региони настана многу неповолна ситуација поврзана со опасност од пожар. Шумите во Сибир продолжуваат да горат. Нивниот чад веќе стигна до главниот град на Монголија. За борба со огнот е испратена војската. Беа предизвикани вештачки дождови.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња