На крајот на јули 2021 година, руското издание на списанието Плејбој на својот профил на Инстаграм објави фотографии од 61-годишната манекенка Татјана Некљудова од Санкт Петербург, мајка на две деца и баба на три внуци.
Некљудова, машински инженер по образование, станала модел случајно - таа била забележана на улица од менаџерот за кастинг на филмот „Матилда“ од Алексеј Учитељ, добивајќи понуда да стане статист. Во 2015 година, таа се појави во друг филм - „Дуелист“ на Алексеј Мизгирјов, каде се запозна со фотографката Аљона Канамина, која се понуди да ги испрати своите фотографии до првата руска модна агенција Олдушка која работи со постари луѓе. Таа остана во агенцијата неколку години и се појави во реклами за десетици брендови.
Во 2017 година, Некљудова се појави и во реклама за рускиот бренд за долна облека Петрушка. Токму овие фотографии беа објавени на профилот на Плејбој на Инстаграм неколку години подоцна, без дозвола на Татјана.
За фотографиите во интервју за Wonderzine Некљудова го вели следново: „Секако дека се вознемирив, но не бев изненадена долго време - напротив, Игор (Гавара, основач на агенцијата Олдушка) дојде да ме убеди дека навистина сум подготвена за таков чекор. Резултатите ми се допаднаа - не сите фотографии, но јас сум голема, разумна личност и разбирам дека две или три фотографии ќе бидат избрани од неколку стотини“.
Под фотографиите на Татјана во долна облека, објавени во 2021 година на профилот на Плејбој, се појавуваат следниве коментари: „Подобро да се занимавате со внуците“, „Како да заборавам што видов?“, „Каков ужас, едноставно одвратно“, „Сè најдобро, Плејбој, уживајте си самите во гнасните објави“.
Сепак, повеќето коментари се позитивни. Корисниците пишуваат дека жената е убава на која било возраст, а многумина од нив ја дефинираат Татјана како убава жена и велат дека токму тоа е она што се подготвени да го прочитаат во Плејбој.
„Дали ми се допаднаа какви фотографии објави Плејбој? Тоа беше пријатно изненадување за мене. Несомнено разбирам дека повратните информации за резултатите од мојата работа можат да бидат различни, но главната работа е дека мојата работа и работата на мојот тим не ги оставаат луѓето рамнодушни. Важно е да го споменам овој цитат од советската актерка Ољга Аросеева: 'Не жалете што ќе остарете - на многумина тоа им е откажано, затоа што животот им се дава на сите, а староста - на избраните'!“, иронично коментира Некљудова.
Таа верува дека негативните коментари ги пишуваат груби луѓе, а нејзиниот агент не ѝ препорачува да ги чита.
Покрај тоа, негативните реакции на социјалните мрежи, според неа, се должат на наметнатите стандарди за убавина, кои веќе исчезнуваат. Според набљудувањата на Некљудова, денес сите големи брендови обрнуваат внимание на моделите за возрасните, модели со плус големина, модели со витилиго (хронична болест на кожата) и други надворешни карактеристики.
„Многу луѓе сè уште не се подготвени да видат ништо друго освен млади убави тела, на кои понекогаш работат хирурзи и уредници со Фотошоп. Луѓето треба да разберат дека животот не завршува со младоста. Мора да се сфати дека жените во зрелоста и со секаков изглед е се исто така убави, атрактивни и секси. Тоа е неповратен процес“, изјави Некљудова.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче