Руски атлетичар повлече авион тежок 65 тони и постави нов рекорд (ВИДЕО)

Рускиот атлетичар Инокентиј Веселов од Краснојарск (Сибир) повлече авион тежок 65 тони и постави нов рекорд во Русија.

На аеродромот во Краснојарск снагаторот го влечеше авионот повеќе од 17 метри. Со таа цел користеше специјална опрема и затегната сајла.  Според зборовите на Веселов, претходно тој вежбал на својот автомобил така што ќе го ставел на рачна сопирачка и ќе го влечел.

Кога станува збор за авион „Боинг“ 737-800, претходно имал само една проба.

Руската федерација на снагатори му врачи сертификат и го регистрираше рекордот во посебен вид снагаторство, поместување габаритни превозни средства како авиони, возови, тролејбуси, автобуси и слично.

„Ни се чини дека тоа беше најтешкиот авион, затоа ќе провериме уште еднаш и подоцна, можеби, ќе признаеме и светски рекорд“, објасни претседателот на Федерацијата Василиј Гришченко.

Инаку, снагаторите во Русија „не мируваат“, па така минатиот месец Елбрус Нигматулин од Уфа подигна авион со платформа со вкупна тежина од околу тон и половина, поточно 1476 килограми и постави рекорд што го призна Федерацијата на снагатори на Русија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња