На снимката се гледа како кафеава мечка доаѓа на местото на кое се одмораат луѓе. Ѕверот веројатно бил привлечен од мирисот на храната што се подготвувала на огнот. Меѓутоа, животното не успева да дојде ни до јадењето ни до излетниците. На патот ѝ застанува мачорот Васја.
Без оглед на тоа што непријателот е неколку пати поголем, Васја не се повлекува, извивајќи го грбот „налутено фрчи на мечката“.
„Васја, смири се, не ни треба толку месо“, се шегува сопственикот на мачорот кој го сними видеото. Безуспешно Русинот го повикува миленикот, но тој не се поместува.
Мечката неколку пати замавнува со шепата кон противникот и заканувачки се исправа на задните шепи, меѓутоа, на крај одлучува да се откаже од борбата со храбриот мачор и се враќа в шума. Газдата е восхитен од својот миленик и му го ветува најголемото парче месо.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче