„Форбс“ го прогласи Хабиб Нурмагомедов за најуспешна руска ѕвезда

Getty Images

Поранешниот шампион на UFC Хабиб Нурмагомедов се најде на врвот на листата на најуспешни sвезди од Русија според „Форбс“. За една година спортистот заработил 12 милиони долари (околу 10 милиони евра), и според овој показател се најде на второто место. Според сите останати параметри Нурмагомедов е признат за најуспешна руска славна личност.

Местото на рангирањето се одредува според приходот на ѕвездите за една година и нивната популарност, што зависи од публикациите во медиумите и социјалните мрежи, пребарувањата на „Јандекс“ и „Гугл“, како и од бројот на следбеници на „Инстаграм“ и „Јутјуб“. Така, Нурмагомедов го следат 29,7 милиони луѓе на „Инстаграм“, пишува Лента.

Второто место во рангирањето го зазеде раперот Моргенштерн со богатство од 7,4 милиони долари (6,2 милиони евра), а на третото место е тв-водителката Олга Бузова (2,7 милиони евра). Најбогат од сите е хокеарот Александар Овечкин: неговиот приход се проценува на 12,2 милиони долари (10,3 милиони евра). Сепак, неговата ниска популарност му го донесе само 6 место.

Во првите 10 влегоа и Тимати, Сергеј Шнуров, Ксенија Собчак, Баста, Артјом Ѕјуба и Полина Гагарина.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња