Според орнитолозите, штркот Лорд живее во центарот повеќе од шест години. Дојде со рани од куршум на крилјата, поради што беше опериран. Иако коската срасна, птицата не може да лета далеку. Затоа беше во отворен кафез, без ограничувања во движењето.
„На крајот на минатата недела се крена на крило и одеднаш одлета. Мислевме, тоа е тоа, готово е, одлета. А тој се упати право во Одделението за внатрешни работи во реонот Сокољники. Долета до влезот, слета и им се предаде на властите.
Полицајците беа пријателски расположени, тие знаат за нашиот центар, ги знаат нашите птици. Сфатиле дека тоа е наш клиент и за ништо да не му се случи го сместиле во одвоена ќелија за притвор и преку радиоврска ја известија службата за безбедност на паркот. А тие потоа ни јавија нам. Дојде наш вработен и штркот се врати во прифатилиштето“, изјави Мишин.
Како што објаснува тој, штркот сега се наоѓа во отворен кафез. Тие немаат намера да го држат под клуч заради бегство. Но, ако има слични нагони, тие ќе поведат сметка.
„Тој немаше намера да бега од нас. Но, тоа е птица, тие сакаат да избегаат, да полетаат. Очигледно нешто кликнало и тој одлета, зошто да не. Тоа се непредвидливи работи“, рече соговорникот на агенцијата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче