Илустрација
Надежда Лебедева/Global Look PressИнцидентот се случи во улицата „Сибирјаки Гвардејци“. Дете старо година и половина падна низ прозорецот од првиот кат, но прибраниот случаен минувач која случајно се најде таму успеа да го фати. Таа потоа им го даде детето на неговите родители и си замина.
Според зборовите на инспекторите од одделението за малолетничка деликвенција, кои извршија увид, таткото и мајката на несреќното дете домашни работи во тој момент. Родителите кои слушнаа вресок од прозорецот го пронајдоа детето на улица во рацете на непозната жена. Лекарите дијагностицираа незначителни повреди.
Полицајците преку социјалните мрежи и медиумите ја замолија скромната жена која спречи можна трагедија да се јави. Таа вчера се јави во одделението за малолетнички случаи, велат од овој ресор.
Шеесет и четиригодишната Светлана Санарова, која го спаси детето, рече дека се враќала од продавница кога го забележала малото дете на прозорецот. Таа веднаш ги фрлила ќесињата што ги носела в раце, притрчала до зградата, ги испружила рацете и го фатила детето што паѓало.
Раководните луѓе на администрацијата на МВР за Новокузнецк и членовите на Јавниот совет сакаат да се сретнат со оваа благородна жена и да ѝ се заблагодарат за нејзината пожртвувана реакција и за спасувањето на детето.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче