За оваа тенденција пишуваат руските медиуми, повикувајќи се на истражувањето на сервисот „Зарплата.руˮ.
Околу 44% од испитаниците сакаат да работат од дома или да одат во канцеларија само неколку пати неделно. Високата заработка се најде на второ место меѓу значајните критериуми, а како најважна ја издвоија 42% од анкетираните. Кога бараат работа Русите исто така обрнуваат внимание на стабилноста на компанијата, можноста за напредување во кариерата, како и на тоа колку им одговараат раководството и колективот.
Околу 20% од испитаниците сметаат дека значаен фактор е оддалеченоста на работата од домот и сообраќајната поврзаност. Пред пандемијата, истакнуваат експертите, за Русите најзначаен фактор при изборот на работа беше висината на доходот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче