Во Московската зоолошка градина се роди младенче на војли, редок вид на кенгур. Ова го објави официјалниот портал на градоначалникот и владата на рускиот главен град.
„Тоа е еден од најретките видови кенгури, се наоѓа на меѓународната листа на загрозени видови ѝ му се заканува изумирање. Зоолозите сметаат дека во дивината има најмногу шест илјади единки на војли“, се наведува на сајтот.
Според генералниот директор на зоолошката градина Светлана Акулова, овие животни поради нивните минијатурни димензии неофицијално се нарекуваат „џебни кенгури“.
„Младенчето е родено уште пролетва, но првите три месеци ги помина во мајчината торба. Тешко беше да се забележи новороденче со големина на зрно грашок. Дури сега ја напушти родителската закрила и почна само да ја запознава околината“, рече Акулова.
Кенгурчето расте брзо и постепено се навикнува на исхраната на возрасните.
Оваа година во Московската зоолошка градина се очекува да се родат уште две младенчиња на „џебен кенгур“. Како што се наведува во соопштението, за овој вид е карактеристична една специфичност при размножувањето: тие можат да родат три младенчиња по ред. Штом едно младенче ја напушти торбата, неговото место го зазема второ, а дотогаш веќе е зачнато и третото младенче.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче