Леопард се вози во центарот на Москва (ВИДЕО)

Жителите на рускиот главен град забележаа леопард во еден автомобил на московските улици. Очевидците ги споделија видеоснимката и приказната со руските медиуми.

На видеото се гледа како дивото животно седи до жена на задното седиште на црвен џип, додека друга жена го вози автомобилот. Леопардот беше мирен и опуштен, меѓутоа неколку пати се обиде да скокне од возилото, забележуваат очевидците.

Автомобилот со леопард беше виден во близина на паркот Горки околу 16 часот. Според првичните сознанија, леопардот го носеле на вакцинација против ковид-19 во една од ветеринарните клиники во главниот град.

Како што тврдат очевидците, возачите се обиделе да се запознаат со сопственичката на животното на патот за да разјаснат дали станува збор за леопард или сервал, но таа никому не одговорила на тоа прашање.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња