Лос сврати во Москва да прошета и појадува

Сергеј Фомин/Global Look Press
Жителите на Москва забележаа лос на Зелениот проспект во Перово (дел од градот). Снимката на која се гледа како животното брсти лисје од дрвјата е објавена на телеграм-каналот „Новости Москви“ (Новости Москвы).

„Лосот дојде да појадува“, напишаа авторите на клипот.

Во коментарите мештаните претпоставуваат дека лосот дошол од паркот Островот на лосови. Според една корисничка на интернетот, тие често шетаат во дворовите меѓу зградите. „Дошол од Островот на лосовите. Тие често шетаат кај нас во дворот, заедно со лисици“, напиша споменатата московјанка.

Некои корисници на интернетот предложија да се повика Министерството за вонредни состојби за да го вратат животното од улиците во паркот. Луѓето се плашат дека лосот би можел да предизвика сообраќајна несреќа. „Би можеле да го исплашат гласните звуци што ги има во градот на секој чекор и да се залета без да се снајде по патиштата“, напишаа тие.

Претходно во Јарославскиот реон на руската престолнина еден лос престојуваше неколку дена на истото место во паркот, а луѓето што му носеа храна забележаа дека тој е премногу пасивен и бараа од надлежните да му се помогне.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња