Информацијата за завршетокот на „градежниот потфат на деценијата“ ја објави изданието МосквичMAG.
Изградбата започна кон крајот на јуни 2011 година. Крајот на проектот најпрво беше најавен за 2012 година, потоа за 2017, 2019 година, па за 2020 година.
Новиот терминал опфаќа четири колосека и два перона со натстрешница, како и трикатен мултифункционален комплекс. Предвидено е во приземјето и на првиот кат да се смести зона со кафулиња и продавници, а на вториот и третиот кат хотел. Во зградата на аеродромот од терминалот ќе води застаклен премин. Капацитетот на терминалот е зголемен и изнесува илјада и петстотини луѓе.
Превозникот објави дека тоа нема да влијае на промената на возниот ред.
Превозот до аеродромот со возот „Аероекспрес“ понекогаш е посигурен од превозот со автомобил. Претходно се случуваше сопствениците на автомобилите да имаат сериозни потешкотии поради дефекти на сите терминали за излез од паркингот на аеродромот „Домодедово“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче