Од 1 август два лета неделно на релацијата Москва-Скопје

Амбасада на Русија во С. Македонија
Авиосообраќајот на релацијата Москва-Скопје се обнови по 20-годишна пауза на почетокот на јуни 2021 година. Тогаш летовите имаа статус на статус карго-патнички летови.

ДИРЕКТНИ ЛЕТОВИ ЗА С. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА ПОВЕЌЕ, соопштува Асоцијацијата на туроператори на Русија.

На почетокот на јули, претставници на Nordwind беа во работна посета на Македонија. На средбата со вицепремиерот на Македонија Љупчо Николовски беа разгледани изгледите за развој и поддршка на програмите за летови меѓу Русија и Македонија. Како дел од состанокот раководството на Nordwind ја објави својата намера да воведе дополнителен лет (секој понеделник) на релација Москва - Скопје од 1 август 2021 година и од октомври 2021 година на релација Санкт Петербург - Скопје. Ова го објави Ина Жарова, генерален директор на компанијата „Македонски дом“, која исто така учествуваше во деловниот настан.

Руските тур-оператори генерално позитивно ја оценуваат одлуката на авиокомпанијата да ја зголеми фреквенцијата на летовите, бидејќи недостатокот на директни летови со Русија, според експертите за туристичкиот пазар, отсекогаш бил еден од главните фактори што го блокираат растот на туристичкиот поток кон Македонија. Оваа балканска земја останува една од најмалку истражуваните од страна на Русите.

ДИРЕКТНИТЕ ЛЕТОВИ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГИ ОЦЕНАТ И ТРАНЗИТНИТЕ ТУРИСТИ

Дмитриј Перинац, директор на компанијата „Апликон Турс“, вели дека првите летови Nordwind полетале за Скопје со мала исполнетост. Експертот смета дека уделот сé уште не се става на туристите кои доаѓаат на одмор во Македонија, туку на транзитните патници. Оваа релација на  Nordwind може да биде интересна за оние кои сакаат да одмораат во Бугарија, Јужна Србија, Албанија, Грција.

Пред пандемијата, велат експертите, турите во Македонија најчесто беа во рамките на комбинираните тури по Балканот. Директниот превоз може да предизвика интерес кон земјата како кон индивидуална дестинација.

Меѓу предностите на одморот во С. Македонија Дмитриј Перинац ја наведува разноврсноста (прекрасната природа, богатата култура, разновидните можности за одмор - од активен до аџилак или гастрономски), високото ниво на услуга и буџетноста.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња