Во градот Митишчи во Подмосковје помина торнадо. Видеото од лице место на својот канал на Телеграм го објави Life Shot.
На снимката што очевидците ја имаат направено од возило се гледа издолжен виор од облаците до земјата. Авторот на снимката вели дека торнадото се движи.
Претходно на 15 јули водечкиот соработник на центарот за метеорологија „Фобос“ Евгениј Тишковец ги предупреди московјаните на краткотрајни дождови и бури со град, пренесува сајтот Лента.ру. Според него, во руската престолнина во втората половина на денот ќе паднат до десет проценти од месечните врнежи, а се очекува температура до 32 степени според Целзиус.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче