Полицијата во Волгоград спречи шестгодишно момче да купи играчка за 3000 евра

FELLOW/imageBROKER.com
Шестгодишното момче, кое беше пронајдено на станица за јавен превоз во Волгоград со 275 илјади рубли во џебот (околу 3130 евра), е вратено дома на семејството. Бабата забележала дека момчето исчезнало дури кога во станот пристигнале припадниците на полицијата.

Ова во средата, на 14 јули, на новинарите им го соопшти прес-службата на Главната управа на МВР за Волгоградската област.

Момчето, од чиј џеб ѕиркало купче банкноти од 5000 рубли, било забележало од полициски надзорник во Ворошиловскиот реон на Волгоград околу осум и половина наутро. На прашањето на полицаецот момчето само кажало своето име.

„Припадниците на одделението за малолетници ги утврдија податоците на детето и го однесоа дома. Според бабата на момчето, тоа утро, додека таа била во кујната, внукот кришум зел 275 илјади рубли што семејството ги собирало за реновирање и излегло од станот. Бабата забележала дека момчето исчезнало дури кога полицајците пристигнаа во станот“, соопшти прес-службата.

Како што се покажа, момчето од смртта на мајка му живее во Ворошиловскиот реон со бабата која е негов старател, две постари сестри и брат. Во моментов со момчето работат припадници на одделението за малолетници.

„Против детето не е сторено никакво кривично дело. Момчето призна дека планирало да купи играчка. Парите беа вратени на неговата баба“, додаваат од прес-службата.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња