Во Москва ќе се појави нов вид јавен превоз - речни трамваи

Комсомолскаја Правда/Global Look Press
Во Москва во 2022-2023 година ќе се појави нов вид јавен превоз: електрични речни трамваи. Оваа новина ја најави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, пренесува „Интерфакс“.

„Московјаните се сеќаваат на тој интересен воден патнички сообраќај, добиваме многу барања за повторно воспоставување на речен патнички сообраќај“, изјави Собјанин.

Во градот ќе бидат воспоставени две сообраќајни линии за 20 речни трамваи. Градоначалникот истакна дека тоа ќе бидат постојани линии. Првите линии ќе сообраќаат од Киевската железничка станица преку Москва-Сити до регионот Фили и од ЗИЛ до реонот „Печатники“.

Се наведува дека возењата се планираат не само во текот на летото, туку и во текот на зимата. Во врска со тоа, исто така е одлучено за патниците да се направат удобни мини-станици со затворен простор.

Секој брод долг 22 метри има 42 места за седење, од кои две се наменети за помалку подвижни граѓани. Во внатрешниот простор ќе бидат поставени информативни екрани и УСБ-приклучоци, бесплатен Wi-Fi и специјални платформи со мини-паркинг места за тротинети и велосипеди.

Возењето ќе се плаќа со банкарска картичка, картичка за јавен превоз „Тројка“ или еднократен билет.

Оваа новина нема да ги реши многуте сообраќајни проблеми во Москва, објасни градоначалникот, но сепак се работи за „интересен локален проект“. Електрични речни трамваи секојдневно ќе превезуваат 15-16 илјади патници.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња