„Delivery Club заедно со интернет-магазинот Everink Tattoo, воведе можност за привремени тетоважи со QR-код за посета на кафулиња и ресторани. Корисниците ќе можат да избираат помеѓу шест форми на дизајн на нивниот QR-код, така што секој би можел за себе да го пронајде она што му се допаѓа“, се наведува во соопштението што го пренесуваат руските медиуми.
За да добиете тетоважа, потребно е да направите нарачка на веб-страницата на интернет-продавницата и по контактот со менаџерот да ѝ го испратите вашиот QR-код на продавницата. Тетоважата ќе трае две недели.
„Со помош на нашиот проект сакаме да го свртиме вниманието врз угостителските објекти, а исто така и да потсетиме на важноста и неопходноста од вакцинирање... Со нашите привремени тетоважи сакаме малку да ја релаксираме постојната ситуација, а во исто време процесот на покажување на QR-кодовите да го направиме поразновиден и поинтересен", истакнува прес-службата.
Во јуни, поради зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин потпиша указ со кој влегувањето во кафулиња и ресторани во Москва од 18 јуни е можно само за посетителите кои прележале коронвируса, имаат негативен тест или се вакцинирани. Исто така, од 22 јуни е воведена привремена забрана за одржување масовни манифестации за над 500 лица. Притоа во летните бавчи во Москва може да се седи без QR-код до 1 август. Системот на QR-кодови нема да важи за продавниците за храна и аптеките во Москва.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче