Бившиот шампион на UFC во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов ја освои спортската награда Espy Awards за 2021 година. 32-годишниот борец е најдобар во категоријата „Најдобар ММА борец“.
Јавното гласање се одржа преку веб-страницата на ESPN. Конкуренти на Нурмагомедов во номинацијата беа шампионката на UFC во лесна и полулесна категорија Аманда Нунес, шампионот на UFC во тешка категорија Френсис Нгану и освојувачката на појасот во женска минимална категорија Роуз Намајунас.
Последен пат Нурмагомедов излезе во октагонот во октомври 2020 година, кога го совлада Џастин Гејџи на турнирот UFC 254. По ова натпреварување, борецот соопшти дека го напушта натпреварувачкиот спорт.
Во текот на својата кариера во UFC Нурмагомедов ја освои шампионската титула во лесна категорија во 2018 година и трипати ја одбрани.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче