Повеќе од една третина од Русите не употребуваат алкохолни пијалаци (38 отсто), а најчесто го користат испитаници постари од 60 години, 51 отсто од нив. Секој четврти учесник во истражувањето пие алкохол помалку од еднаш месечно (25 отсто). Еднаш месечно алкохолни пијалаци консумираат 14% од испитаниците, а два до три пати 18 отсто испитаници. Секој ден пие 1 отсто, а неколку пати неделно четири отсто, се вели во соопштението.
Седум отсто од испитаниците пијат пиво секоја недела, додека еднаш до двапати месечно 16 отсто од нив. Вино консумираат помалку од еднаш месечно 24 отсто од анкетираните, а жестоки пијалаци 18 отсто.
Уделот на оние кои сметаат дека сите видови алкохол помалку или повеќе негативно влијаат на здравјето на луѓето скокна од 55 осто во 2018 година на 81 отсто оваа година. Дека постојат дози на алкохол кои не се штетни се согласуваат 15 отсто од испитаниците, и во најмалку штетниот пијалак го вбројуваат виното (39 отсто).
Истражувањето на „ВЦИОМ-Спутник“, со кое беа опфатени 1600 испитаници, беше спроведено на 19 јуни и 7 јули.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче