Плажа во Сочи преплавена од туристи, по неодамнешната поплава, ги изненади руските граѓани. Клипот на „Инстаграм“ го објави sochi_live, кој ги следи случувањата во овој регион на југот на Русија.
„Луѓето само навираат, како во мравјалник. Борба за секоја педа. Лежат блиску едни до други, така што до морето не може ни да се пројде“, коментира авторот на клипот.
Снимката ги изненади корисниците на интернетот.
„Ќе го прескокнам ова лето, без мене ќе има сантиметар повеќе...“, „Празно некако“, „Супер одмор ... И евтин...“, „Има место за сите“, гласат коментарите .
На 5 јули локалните власти во Сочи одлучија да ги затворат градските плажи поради невремето и предупредувањата за бура. Долж крајбрежјето е засилено и дежурството на спасувачите, кои учествуваа во расчистувањето на теренот по големите поплави предизвикани од силните врнежи и излевањето на реките.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче