МВР на Русија предлага укинување на дозволата за привремен престој на странци

Сергей Ведяшкин/Агентство «Москва»
Министерството за внатрешни работи на Русија предложи да се коригираат правилата за влез во земјата и престој на странци во земјата, со укинување на дозволата за привремен престој.

Меѓу другото, министерството предлага да се воспостават три миграциски режими на престој: краткорочен престој (не повеќе од 90 дена вкупно во текот на една календарска година), долгорочен престој (повеќе од 90 дена во текот на една календарска година без дозвола за постојан престој), постојан престој (без ограничувања), пренесуваат руските медиуми. 

Притоа на странците кои поседуваат дозвола им се нуди можност да ја променат целта на престојот без напуштање на територијата на Русија. Исто така, во предлог-законот е предвидено воведување регистар на несовесни физички и правни лица кои покануваат странски граѓани.  

Освен тоа, министерството предлага трудовата миграција да се регулира со помош на два информациони ресурси: регистар на странски работници и електронски регистар на работодавачи.

Претходно за мигрантите кои треба да ја напуштат Русија, но се принудени да останат на нејзина територија, беше воведен нов режим на „контролиран престој“. Како што тврди МВР на РФ, оваа мерка ќе го зајакне правниот поредок во миграциската сфера. Режимот ќе се применува врз странци со опасни инфективни заболувања и врз прекршители на законот.  

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња