„Не срами се од солзите“: Путин охрабри момче што се расплака од возбуда (ВИДЕО)

kremlin.ru
Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на разговорот со финалистите на конкурсот „Големата промена“ преку видеолинк мораше да смири едно момче кое се расплака од возбуда.

Единаесетгодишното момче, кое на рускиот лидер му зборуваше за својот проект под називот „Школа на аристократи“, не можеше да ги задржи емоциите, туку запна на половина збор и се расплака кога ги спомена родителите кои му биле поддршка во работата.

„Тоа што си толку вознемирен, што толку вдахновено зборуваш за тоа што го правиш, само уште еднаш го нагласува твојот однос спрема најмилите. Тоа е многу добро. Немој да се срамуваш од солзите. Не треба да се срамуваш. Сé е во ред“, рече Путин.

Охрабрениот тинејџер продолжи да зборува и изнесе детали за својата „школа на иднината“ во која момчиња и девојчиња ќе одат одвоено, а ќе се среќаваат на заедничка настава и во трпезарија. Целта на таквото школување би била, како што рече тој, „момчињата да го негуваат духот, а девојчињата да бидат понежни“.

Шефот на руската држава забележа дека таква образовна установа е генерално можна, но сепак на момчето му укажа на мислењето на стручњаците кои сметаат дека заедничкото школување на момчињата и девојчињата има бројни предности.

Видеото го објави Telegram-каналот на RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња