Руски навивач му дава поддршка на својот тим пред натпреварот од групата Б на Европското првенство 2020 меѓу Финска и Русија на стадионот „Санкт Петербург“ на 16 јуни 2021 година во Санкт Петербург во Русија.
Getty ImagesЗадоволни странци во капи со рокчиња и маички во боја на белгиското знаме го напуштаат аеродромот „Пулково“ - така почна денот на првиот натпревар меѓу Русија и Белгија во рамките на првенството ЕУРО 2020.
Санкт-Петербург, навивачи на белгиската репрезентација на аеродромот „Пулково“ кои дојдоа на натпреварот од Европското фудбалско првенство меѓу Белгија и Русија.
Станислав Красиљников/TASSРусија отвори безвизен режим за носителите на навивачкиот пасош FAN-ID за да можат странските навивачи да ги посетат натпреварите на саканите тимови. По пристигнувањето, навивачите го заменуваа електронскиот документ со физичка картичка во специјален центар во Санкт Петербург.
Навивачи во Центарот за издавање навивачки пасоши за натпреварите на Европското фудбалско првенство ЕУРО 2020 во ТЦ „Питерленд“.
Валентин ЕгоршинАвтобусите и излозите на продавниците и кафе-баровите во градот беа украсени со симболите на ЕУРО 2020. Во една улица беа поставени 24 мачки „навивачки“ во боите на репрезентациите кои учествуваа на шампионатот. Овој уметнички објект го поставија уметниците на креативното здружение „Митки“.
Картонски мачки „навивачки“ насликани со боите на репрезентациите кои учествуваа на првенството ЕУРО 2020. Мачките се дело на уметници од креативното здружение „Митки“ и се наоѓаат пред зградата на Арт-центарот во улицата „Марат“ 36/38.
Александар Демјанчук/TASSСпецијално за навивачите во Москва и Санкт Петербург беа уредени неколку фан-зони каде навивачите можеа да ги следат преносите на натпреварите, а покрај тоа во посебни фото-зони да направат и фотографии за спомен, да учествуваат во улични перформанси или да играат мини-фудбал.
Девојка се фотографира во близина на копија на официјалната топка на Европското фудбалско првенство 2020 во фан-зоната на плоштадот „Коњушенаја“ во Санкт Петербург.
Александар Гаљперин/TASSЕдно од најпопуларните места за фотографирање во петербуршката фан-зона на плоштадот „Коњушенаја“ беше уметничката инсталација на познатиот руски уметник, калиграфот Покрас Лампас. Арт-објектот се состои од 432 топки во кои се шифрирани зборови како што се пријателство, еднаквост, здравје, мир, победа и чест. По затворањето на инсталацијата, нејзината дигитализирана верзија ќе биде достапна во вид на NFT токен. Токенот ќе го добие стрелецот на најдобриот гол на првенството, а холограмот на наградата ќе биде изложен во седиштето на УЕФА.
Арт-инсталацијата на Покрас Лампас за креирање NFT токен за најдобриот гол на првенството EURO 2020 во Санкт Петербург.
Петар Коваљов/TASSРуски и странски навивачи вечерта на 12 јуни ги наполнија навивачките зони и спортските барови.
Навивачите го следат натпреварот на Европското фудбалско првенство меѓу Белгија и Русија во еден од рестораните во градот.
Петар Коваљов/TASSБелгијците се радуваа на секој постигнат гол, додека руските навивачи беа разочарани.
Навивач за време на преносот на натпреварот од Европското фудбалско првенство Еуро 2020 помеѓу селекциите на Белгија и Русија.
Владимир Гердо/TASSРусија загуби од Белгија со резултат 3:0.
Навивачи го гледаат натпреварот од Европското фудбалско првенство меѓу Белгија и Русија во навивачката населба на фестивалот УЕФА EURO 2020 на плоштадот „Коњушенаја“.
Станислав Красиљников/TASSГолем број навивачи се собраа во Санкт Петербург на 14 јуни да го гледаат натпреварот Полска - Словачка (1: 2). На стадионот „Гаспром-Арена“ имаше над 12000 гледачи.
Навивачи на стадионот „Гаспром Арена“ пред почетокот на натпреварот од Европското фудбалско првенство: Полска-Словачка.
Александар Демјанчук/TASSФан-зоната Евро-2020 на плоштадот „Коњушенаја“ во Петербург беше преполна на 16 јуни, за време на натпреварот помеѓу Русија и Финска. Во неа истовремено се наоѓаа 5000 луѓе.
Навивачи на стадионот „Гаспром Арена“ пред почетокот на натпреварот од Европското фудбалско првенство: Финска-Русија.
Петар Коваљов/TASSРусија ја победи Финска, постигнувајќи еден гол.
Навивачи на натпреварот од групната фаза на Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020: Финска-Русија.
Александар Демјанчук/TASSЕден од најубавите ликови на ЕУРО 2020 беше студентката Марија Шумилина. На натпреварот Финска - Белгија (0:2) таа истрча на теренот во шорцеви и костим за капење на кој беше испишан назив на криптовалута. Таа дотрча речиси до средината на теренот, каде припадници на обезбедувањето ја задржаа и ја одведоа од теренот, по што играта продолжи.
Обезбедувањето води надвор од теренот девојка која среде натпреварот од групата „Б“ на Европското првенство 2020 година меѓу Финска и Белгија на стадионот „Санкт Петербург“ на 21 јуни 2021 втрча на теренот, поради што мечот беше накратко прекинат.
Lars Baron/Getty ImagesВо Санкт Петербург беа воведени нови ограничувања во врска со порастот на бројот на заболени од коронавирус. Тие се однесуваа и на навивачите. Конкретно, од 17 јуни во навивачките зони беше забранета продажба на храна, а од 20 јуни забрането во навивачката зона на плоштадот „Коњушенаја“ да има повеќе од 3000 навивачи.
Фан-зоната во Москва исто така беше затворена поради ширењето на коронавирусот. Повторно беше отворена на 26 јуни, но можеа да влезат само оние прележале коронавирус, кои се вакцинирани или имаат негативен тест што важи три дена.
Навивачка во фан-зоната за јавно гледање на натпреварите од Еуро 2020 на стадионот „Лужники“. Од 26 јуни, фан-зоната продолжи да работи за вакцинирани, оние што прележале и оние кои имаат негативен ПЦР-тест на коронавирус. Посебен QR-код потврдува дека навивачот е заштитен од коронавирус.
Михаил Џапаридзе/TASSИ покрај ограничувањата, во Санкт Петербург на 2 јули беше отворена уште една навивачка зона на Дворцовиот плоштад. Во центарот на градот беше запрен сообраќајот поради прикажувањето на три натпревари во еден ден (осминафиналето Англија-Германија, четвртфиналето Шведска – Украина и четвртфиналето Шпанија – Швајцарија) на стадионот „Санкт Петербург“.
Руските навивачи го следат преносот во живо од натпреварот на Европското првенство 2020 помеѓу Данска и Русија на 21 јуни 2021 година во фан-зоната на плоштадот „Коњушенаја“ во Санкт Петербург во Русија.
Mike Kireev/NurPhoto/Getty ImagesНавивачите на шведската репрезентација го бодрат својот тим за време на натпреварот од групата Е на Европското првенство 2020 меѓу Шведска и Полска на стадионот во Санкт Петербург на 23 јуни 2021 година.
Виктор Бојко/UEFA/Getty ImagesРусија, Санкт Петербург, Европско првенство во фудбал 2020 година, натпревар помеѓу Финска и Белгија, прелиминарно коло, група Б, натпревар од 3 коло на стадионот „Санкт Петербург“. Навивачи на Финска слават пред натпреварот.
Igor Russak/dpa/Getty ImagesОд 12 јуни над 110000 руски и странски навивачи го посетија Санкт Петербург.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче