Руските пливачки на Олимпијадата нема да можат да настапат во костими за капење со мечки

РОО «Федерация синхронного плавания Республики Крым»
Според петкратната олимписка шампионка Светлана Ромашина, програмите кои таа ќе ги изведе на Олимпијадата нема да се менуваат. Но, поради санкциите на Светската антидопинг агенција морале да го променат изгледот на костимите.

„Двојките ќе бидат исти како што ги прикажавме на првенството на Европа: слободна програма „Пајаци“, техничка програма „Калинка“, изјави Ромашина. „Дојде до некои промени поради ограничувањата: моравме од композицијата да го отстраниме називот на нашата земја, кој беше на англиски јазик, и моравме да го измениме изгледот на костимите за капење, затоа што на нив беше прикажана мечка. Слика на мечка ни забранија да ја користиме“.

Руските спортисти поради санкциите на Светската антидопинг агенција (WADA) на Олимпијадата настапуваат под знамето на Олимпискиот комитет на Русија, а место државната химна на церемониите ќе биде користен фрагмент од Првиот концерт за пијано на Петар Чајковски. На руските спортисти на Олимпијадата им е забрането да ги покажуваат државните симболи.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња