Путин ја прокоментира идејата престолнината да се префрли од Москва во Сибир

kremlin.ru
Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на „Директната линија“ (годишна телевизиска емисија во која претседателот одговара на прашања на граѓаните) ја прокоментира идејата престолнината да се премести од Москва во Сибир. Според шефот на руската држава, таквата мерка нема да го реши проблемот.

„Во Сибир треба да се префрлат одредени федерални структури или барем големи компании и седиштата на компаниите кои работат во Сибир, а данокот го плаќаат во Москва“, истакна рускиот лидер.

Путин веќе неколку пати добиваше предлог главниот град на Русија да се пресели во друг град. Претходно за тоа зборуваа бизнисменот Олег Дерипаска, министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу, претседателот на Надзорниот совет на Институтот за демографија и миграции Јуриј Крупнов и други.

Меѓутоа, како што покажа анкетата, мнозинството руски граѓани се против тоа Москва да го изгуби статусот на главен град. Според резултатите од анкетата, спроведена пред неколку години од Серускиот центар за проучување на јавното мислење, само секој петти граѓанин сака да се премести престолнината. Мнозинството жители не можат да замислат никаков друг политички центар на земјата освен Москва: 80% од испитаниците не сакаат престолнината да биде преместена во друг град во Русија. Спротивен став застапуваат 12% од испитаниците.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња