Дури и ако Русија го потопеше британскиот разурнувач што ја повреди руската државна граница во Црното Море, светот немаше да се најде на прагот на Трета светска војна, изјави рускиот претседател Владимир Путин во текот на годишната телевизиска програма „Директна линија“, во која претседателот одговара на прашања на граѓаните.
На прашањето дали светот беше на работ на Трета светска војна кога британскиот разурнувач ја наруши руската државна граница на Крим, претседателот одговори: „Ми се чини дека не е така“.
„Како прво, тоа е, се разбира, провокација, потполно очигледна. Покрај тоа, во тоа учествуваа и Американците“, изјави претседателот.
Тој исто така потсети и на неодамнешниот состанок одржан во Женева. „Тоа е политичка компонента. Зошто се преземаат провокации од тој тип? За да покажат дека не го почитуваат изборот на жителите на Крим?“, се запраша Путин.
Според него, Трета светска војна не би почнала дури и ако Русија го потопеше британскиот разорувач. „Дури и да го потопевме тој брод, тешко е да се замисли светот на прагот на Третата светска војна. Затоа што тие луѓе знаат дека од таа војна не можат да излезат како победници. Ние знаеме за што се бориме. За својата иднина, за својата територија. Најпосле, ние не ѝ се приближивме на нивната територија, туку тие влегоа во нашите територијални води“, изјави тој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче