Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека e вакциниран со домашната вакцина „Спутник V“.
„Што се однесува до мене, кога се вакцинирав, а тоа беше некаде во февруари, во цивилниот промет всушност имаше две вакцини. „Епиваккорона“ на новосибирскиот центар „Вектор“ и „Спутник V“. Како што е познато, и двете се добри... Појдов од тоа дека треба да бидам заштитен што е можно подолго и се одлучив за вакцината „Спутник V“, рече Владимир Путин во „Директна линија“, телевизиска програма во која рускиот претседател традиционално одговара на прашања на граѓаните.
„Особено што кај нас вооружените сили се вакцинираат со вакцината „Спутник V“, а јас сепак сум врховен командант“, рече Путин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче