Умре најплодниот дедо во Русија

Алексеј Павлович Шаповал имаше 13 деца, преку стотина внуци и педесетина правнуци.

На секој член на семејството, од најмладиот до најстариот, во текот на својот живот дедо Шаповал му посветуваше внимание. Сите потомци ги знаеше по име и водеше статистика пополнувајќи го семејното стебло.

Децата на Алексеј Шаповал се наградувани со ордени, медали и писма со благодарност за воспитување достојни граѓани на земјата.

За Алексеј Шаповал руските телевизиски канали во повеќе наврати снимаа репортажи. Плодниот дедо беше толку познат што на „Јутјуб“ беше емитуван директен пренос од неговиот погреб.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња