Рускиот одговор на Роналдо: Снимка со Черчесов стана мем

Кога пред неколку дена за време на разговор со новинарите тргна две шишиња „Кока-Кола“ од масата, Кристијано Роналдо стана главна тема во светските медиуми. За разлика од Роналдо, рускиот селектор Станислав Черчесов нема ништо против „Кока-Кола“.

Еден од главните трендови на Европското првенство во фудбал 2020 година е поместувањето шишиња на прес-конференциите. Кристијано Роналдо не сакаше да биде во ист кадар со шишиња „Кока-Кола“ и порача дека е подобро да се пие вода. Чинот на Роналдо стана вирален.

Сличен потег направи и францускиот репрезентативец Пол Погба. Тој на прес-конференцијата тргна од масата шише пиво „Хајнекен“, исто така еден од спонзорите на Европското фудбалско првенство. Тоа го стори затоа што е од исламска вероисповед, а во исламот алкохолот е строго забранет.

Покрај нив, и италијанскиот играч за врска Мануел Локатели замени шише „Кола-Кола“ со вода.

За разлика од Роналдо и Локатели, рускиот селектор Станислав Черчесов нема ништо против „Кока-Кола“. Во пресрет на натпреварот меѓу Русија и Финска, селекторот на руската фудбалска репрезентација, Станислав Черчесов се освежи со споменатиот пијалок. Притоа го отвори шишето со помош на друго шише.

Токму Черчесов доби најголемо внимание. Снимката со неговото отворање на „Кока-Кола“ само на „ТикТок“ собра 4,7 милиони прегледи.

Во продолжение погледнете неколку вирални шеги на оваа тема:

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња