Ова се финалистките на изборот за најубава дама вработена во рускиот затворски систем (ФОТО)

Федеральная служба исполнения наказаний (ФСИН)
За титулата Мис се натпреваруваат 12 жени кои работат во руските казнени установи. И која од која поубава! Погледнете добри, па и вие учествувајте во гласањето (преку линкот во текстот)!

„Се викам Анастасија. Велат дека моето име потекнува од машкото име Анастас. Веројатно затоа отсекогаш ме привлекувала таква неженствена професија“, вели Анастасија Околелова на својот профил.

Таа е една од 12-те финалистки на серускиот избор на убавица за вработени жени во Федералната служба за извршување кривични санкции (ФСИН).

Девојките беа избрани меѓу стотици кандидатки-победнички на локалните натпревари во своите региони.

1. Анастасија Околелова

Покрај сликањето во работна униформа и вечерен фустан, кандидатките учествуваа во снимање на четири видеоклипови во кои танцуваат, рецитираат, зборуваат за своите региони и прават „реклама на професијата“, трудејќи се да ги инспирираат гледачите да изберат работа во казнено-поправниот систем.

„Ако посакате да имате фигура како на филм, дојдете кај нас, во системот за извршување санкции, тука и онака ќе ве натераат“, вели Анастасија, по што следи видео во кое вработените неуморно прават чучњеви надвор.

Најубавата женска личност вработена во затворскиот систем ќе биде избрана со гласови на сајтот на Федералната служба за извршување кривични санкции. А сега погледнете уште кој друг друг се натпреварува за престижната титула.

2. Екатерина Василева

3. Дијана Сат

4. Јулија Осокина

5. Јана Кондрашова

6. Дарја Строганова

7. Индира Фарсина

8. Валерија Агојан 

9. Вероника Швед

10. Татјана Грицаенко

11. Вероника Унжакова

12. Дарја Тарасевич

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња