По 20 години пауза реализиран првиот директен лет Москва-Скопје

Амбасада на Русија во С. Македонија
По дводецениска пауза обновена авиоврската помеѓу Скопје и Москва.

Денеска на Меѓународниот аеродром Скопје слета првиот авион на руската авиокомпанија „Нордвинд ерлаjнс“, со што официјално е воспоставена директната нова редовна линија Москва–Скопје после 20 години пауза.

Во свеченото отворање зедоа учество Амбасадорот Сергеј Баздникин, Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ТАВ Македонија, Метин Батак, и претставникот на „Нордвинд“ Глеб Богданов, се вели во соопштението на фејсбук-профилот на амбасадата на Русија во Скопје.

Претходно беше соопштено дека компанијата „Нордвинд“ воспоставува директна редовна линија на која авионите ќе сообраќаат еднаш неделно и тоа секој петок. Летот од Скопје е во 18 часот и 10 минути, а пристигнувањето во Москва е во 22 часот и 35 минути (по локално време). Од Москва авионот ќе полетува во 14 часот и 45 минути, а ќе слетува во Скопје во 17 часот и 10 минути. Летот во просек ќе трае 3 часа и 25 минути.

Цените на билетите се исто така во согласност со современите тенденции. Така, за повратен билет со ознака премиум, која вклучува рачен багаж од 10 килограми, чекиран багаж од 20 килограми, избор на место за седење и храна изнесува помеѓу 280 и 300 евра. Во цената се вклучени сите аеродромски такси и останати трошоци.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња