Русија полека излегува од пандемијата на новиот коронавирус, но опасност сé уште постои, изјави претседателот на РФ Владимир Путин.
„За жал, опасноста, во врска со епидемијата, е сé уште присутна. Иако полека излегуваме од оваа ситуација, опасност и загриженост по тој повод сепак постои“, рече Путин на онлајн-состанокот со добитниците на орденот „Родителска слава“.
Тој нагласи дека во позадината на пандемијата офлајн-средба и патување за добитниците „дури и заради толку свечениот настан“ би бил премногу „неоправдан ризик“.
Путин неодамна посочи дека темпото на вакцинација на населението против коронавирусот не е задоволително и повика да се „подобри“ таа ситуација. Во исто време, шефот на руската држава нагласи дека власта не планира да воведува задолжителна имунизација, залагајќи се за доброволен принцип на вакцинација.
Директорот на Централниот научно-истражувачки институт за епидемиологија на „Роспотребнадзор“ Василиј Акимикин претходно изјави дека во Русија барем првата доза на вакцината ја примиле 25 милиони луѓе. Од таа бројка, повеќе од десет милиони лица се ревакцинирани. За да се создаде колективен имунитет потребно е да се вакцинираат 60% од населението или повеќе од 87 милиони луѓе.
Според податоците на оперативниот штаб, во последните 24 часа од заразната болест Ковид-19 во Русија заболеле 9500 лица, а починале 372 лица. Вкупниот број на заразени во текот на пандемијата достигна 5081417, а на починати 121873.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче